Како максимално да исцедите лимон?
25 декември, 20130
Ние, а веројатно и вие, кога сакаме да исцедиме лимон го сечеме по ширина, а вистинска фора е да се исече по должина. Авторите на овој експеримент тврдат дека ќе добиете 2, па дури и 3 пати повеќе сок од лимонот ако го преполовите по должина и го исцедите. Секако, ја тестиравме фората и останавме пријатно изненадени – полесно, дефинитивно повеќе, попрактично.
Плус микробранова…
Уште една брза фора: Ако лимонот тукушто сте го извадиле од фрижиер и сакате да го исцедите, повеќе сок ќе добиете ако неколку секунди го загреете во микробранова.