Херој: Полицаец киднапирал куче за да го спаси од еутаназија!

popara26 јуни, 20131min00
8

Данскиот полицаец Ларс Бо Ломхолт го спасил германскиот овчар Тор од еутаназија киднапирајќи го од клиниката каде требало да биде успиен. Полицаецот поради ова е осуден, но според неговите зборови воопшто не се кае бидејќи на една невина душа и го спасил животот.

Кучето требало да биде успиено бидејќи гризнало друго куче. Десет недели покасно Тор бил однесен во клиниката со цел да биде успиен, со објаснување дека неговото однесување е “неприродно“.

Ларс Бо кој 20 години работел во полиција одлучил да го спаси животното, па затоа и го украл од ветеринарната клиника иако бил соочен со затворска казна поради таквиот чин.

“Ова го направив од етички причини. Полицијата не смее да одлучува за успивањето на семејно куче после тривијални инциденти како што е овој. Кучето било исплашено и реагирало природно. Дури и сопственикот на жртвата се согласи со тоа“, објаснува “киднаперот“ на кучето.

Според неговите зборови кучето е однесено на сигурно место. Судењето е во тек, но бројни организации подигнале петиција за негово ослободување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *