Познатиот холивудски актер Хју Џекмен на Инстаграм објавил дека неодамна отстранил рак на кожата кој се појавил на носот.
Најпрво забележал чудна лузна, а неговата сопруга Дебора успеала да го наговори да оди на лекар и да провери за што станува збор.
“Деб ми рече да одам да се проверам. Колку само беше во право! Имав карцином на базиларните клетки, ве молам, немој и вие да бидете глупави како мене. Тестирајте се и користете крем за заштита од сонце“, напишал актерот.

