Видете ја листата на најбогатите шеици во светот:)

22 ноември, 20130
16

Ал валид бин Талал

Саудиска Арабија, 20 милиарди долари, се заканил дека ќе го тужи списанието Форбс тврдејќи дека го намалиле неговото богатство за 9,6 милиарди. Неговата холдинг компанија се занимава со трговија на саудиската берза.

Мухамед ал Амуди

Саудиска Арабија, 13,5 милиарди долари. Почнал да инвестира во Шведска, но се збогатил од градежна индустрија. Поседува рафинерии во Мароко, Шветска и западна Африка.

Мохамед бин Иса ал Џабер

Саудиска Арабија, 7 милиарди долари. Поседува ланец луксузни хотели во Европа и Египет.

Сујелјам ал Раџи

Саудиска Арабија, 6 милиарди долари. Во мај 2011 најавил дека поголемиот дел од своето богатство ќе го подари за добротворни цели. сепак, сеуште е сопственик на 20% од акциите на банката Ал Раџи, која е основал со браќата.

Маџид ал Футаим

Обединетите Арапски Емирати, богатство 3,6 милиарди долари. Има 16 трговски центри, со 160 милиони потрошувачи годишно. Поседува 11 хотели со над милион гости годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *