
Необичниот настан се случил во Кина, попрецизно во градот Неијианг во провинцијата Сишуан. Како што известуваат тамошните медиуми, на свет дошло маче со само едно око и без нос.
Една мачка се породила неодамна и родила 3 мачиња, од кои две биле сосема нормални, а едно од нив немало нос и имало само едно око.
Должината на телото на ова маче била 10 сантиметри. За жал, ветеринарите не успеале да го одржат во живот.
Господинот Цанг од локалната ветеринарна служба изјавил дека никогаш во животот не видел ништо слично на ова.
