Од безнадежен алкохоличар со 210 кг до вистински шармер и инспирација за многумина!

popara12 октомври, 20131min00
8

Мајк Вајдби од Англија бил тежок 210 килограми до својата 29-та година. Се криел од светот во својата спална соба. Деновите ги поминувал пиејќи алкохол што го нарачувал преку интернет, гледајќи телевизија и пребарувајќи низ мрежата.

Осум години Мајк бил алкохоличар, што го довело до депресија поради што се обидел да се самоубие со таблети. Но преживеал и тоа било пресвртница во неговиот живот. Одлучил да биде здрав и да ослабне.

Овој бивш алкохоличар денес е личен инструктор чиј надимак е Mr. Muscles, па како што гледате со мошне атрактивен изглед и ведар дух.

Им помага на луѓето кои биле во слична ситуација како и тој да се откажат од алкохолот и да си го средат изгледот. Но неговиот пат не бил лесен.

После 18 месеци макотрпни тренинзи Мајк намалил 114 кг, но останале проблеми со кожата. Се гадев од себе си исто како кога имав 210 кг. Направив операција и го отстранив вишокот кожа од моето тело – признава Мајк.

Потоа отворил теретана и сватил дека со тоа сака да се занимава во животот. Својот напредок го споделил со јавноста и така станал инспирација за многумина.

7