Храна која ве прави да се чувствувате секси

popara7 ноември, 201328min01
2

Новото испитување потврдува дека она што го јадеме, силно влијае на нашата изглед, повеќе отколку што можеме и да замислиме, па зошто да не бидеме природно секси? !

Да се ослободите од мозолчиња

Семки од тиква се противотров за мозолчиња , бидејќи тие се полни со цинк. Списанието на Американската Академија за Дерматологија вели дека луѓето кои имаат проблеми со акни имаат недостаток на цинк во организмот. Па,затоа  јадете 1-2 лажици семки од тиква на ден.

Чисто лице без да одите  во салон за убавина

Д-р Perricone советува дневна доза на поточарка, бидејќи таа е полна со антиоксиданти кои го намалуваат воспалението на порите, и ѝ дава сјај на кожата. Со зголемување на нивото на антиоксиданти во крвта, се редуцира оштетување на ДНК-та.

Холивудска насмевка

Едно јаболко на ден ќе ја намали потребата за белење на забите. Користете го ова крцкаво овошје како ужинка , бидејќи тоа овошје  се покажа многу добро: брише дамки од кафе, чај или црвено вино (кое инаку треба да го избегнуваме заради нималку симпатичните последици).

Волумен на  коса

Грашокот содржи силикон, и студиите  покажуваат дека луѓето кои го консумираат како додаток во исхраната, по девет месеци имаат ефект на  посилна и погуста коса. Дерматолозите нипрепорачуваат да си подготвиме замрзнатграшок и да го јадемена работа како нискокалоричен оброк.

Цврсти нокти без гел

За да имате силни нокти, неколку пати неделно измиксајте живи јајца и испијте ги. Јајцата се богати со биотин , кој е одговорен за цврстината на нашите нокти.

One comment

  • Мајда

    16 ноември, 2013 at 00:26

    Се’ е супер освен јајцата, не поддржувам! Денешните јајца не се добри, потеклото непознато, на кокошките знаеме веќе многу добри што им шприцаат за да бидат задоволителни за побарувачката, така што не би препорачала пиење живо јајце. патем, семките ми се секојдневна ХРАНА, (не само грицки). Помагаат да се подобри расположението, се покачува либидото, со тоа и самодовербата и се многу вкусни. Јас сум голем поборник на здравата и природна исхрана, и затоа би рекла да и’ се верува на природата! 🙂 поздрав!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma