Хурем во лудница: Најважно е што сум жива!
31 мај, 20130
После бројни шпекулации во врска со тоа зошто актерката се откажа од снимањето на најпопуларната турска серија Сулејман Величенствениот, вистината е дека се работи за нејзината здравствена состојба и дека во моментов се наоѓа во психијатриска болница од каде се обрати на своите фанови.
– За мене ова е една лоша фаза во животот, сепак сите ние сме само луѓе. Ќе се вратам многу посилна откако ќе го надминам ова. Најважно е дека моето лечење го води еден од најпознатите психијатри и тоа е голема надеж за мене. Најважно е што сум жива!
Да ве подсетиме дека во Турција неодамна беше објавена веста дека актерката ќе го напушти снимањето поради психички проблеми и дека ќе ја замени 36 годишната Гулчин Сартинчиоглу.