Ким Кардашијан позирала во необично издание за арапски магазин за жени.
Старлетата Ким Кардашијан снимила интересна насловна за арапскиот магазин за жени, Hia. Додека Ким на главата носи превез кој и покривал половина од нејзиното тело, од предната страна на фустанот ѕиркале нејзините бујни гради. Ким позирала во арапска венчаница, а наместо постава се гледала нејзината гола кожа.
На овој начин сакала да ја долови современата арапска принцеза. За насловната носела тесен бел фустан со модерен крој со екстравагантни декорации, но не се откажала од превезите за глава кои се стилски наменети за ова идание.