Благодарна што била киднапирана, бидејќи се спасила од кумот кој ја силувал!

17 јануари, 20130
1

Кејти Бирс, 30 – годишна Американка која во 1992 година била киднапирана ден пред својот 10ти роденден и 17 дена поминала затворена во контејнер под земја, денес вели дека тоа е “нешто што најдобро и се случило”. Бирс изјавува дека киднаперот Џон Еспозито на тој начин практично ја спасил од кумот кој ја силувал како дете.

По повод 20- годишнината од киднапирањето, со помош на новинарката Керолин Гасоф која го следела случајот, напишала книга „ Закопани сеќавања: приказна за Кејти Бирс”. Книгата има среќен крај, затоа што Кејти сега е мајка на две деца, дипломирала менаџмент и работи на продажба на осигурувања близу својот дом во Пенсилванија.

Киднапирањето на Бирс предизвикало големо внимание кај американската јавност во 1992 година. Додека уште не се знаело што се случило со девојчето, откриено е дека мајката на Мерилин Бирс не се грижела за својата ќерка и дека малата Кејти веќе неколкупати била силувана од кумот.

Полицијата го откопала бункерот во кој била затворена Кејти Бирс. Таа деновите ги поминувала валкана полна со вошки, немала пријатели со кои би можела да се дружи. Ја третирале како слугинка која им купува храна и цигари.

Џон Еспозито е уапсен поради киднапирање на 10 – годишно девојче.

Киднаперот Џон, инаку бил семеен пријател, на 13 јануари 1993 година признал пред детективите дека ја затворил Кејти под својата куќа во Њујорк.

Кумот кој ја силувал Кејти, добил 12 години затвор каде и го завршил својот живот. Кејти во книгата изјавила дека била силувана во темница, но дека сеќавањата од тој чин успеала да ги потисне длабоко во себе. Еспозито кој го признал киднапирањето никогаш не бил обвинет за силување.

Кејти Бирс го опишала своето живеење во мрак, ретко спиела бидејќи се плашела да не ја злоупотребат во сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *