На сите ни е јасно дека медиумскиот свет околу нас е фотошопиран, но до која мера и со какви последици?
Жан Киборн со години се бори против нереалните женски слики кои не гледаат од разни билборди, плакати, насловни страни и екрани, а имаат исклучително штетен ефект на перцепцијата на обичните жени ширум светот.
Она што речиси сите го забораваме (заедно со мажите кои од нас очекуваат таков идеал) е фактот дека сите модели, актерки и манекенки на фотографиите се разубавени, фотошопирани и премачкани со слоеви шминка со цел да се скријат недостатоците што апсолутно сите жени ги имаат, па така и тие.
Погледнете зошто ова видео привлече огромно внимание:
httpv://www.youtube.com/watch?v=jWKXit_3rpQ#t=0