Идеална жена не постои!

6 февруари, 20130
zeni

Жените кои се насочиле кон постигнување на совршенство веќе можат да се откажат. Изгледа дека мажите всушност предпочитаат дами со мали недостатоци.

Ново истражување покажа дека не постои ни еден маж кој ја опишал својата партнерка како идеална. Од испитаниците на број 2000, четворица од петмина тврдат дека ја сакаат својата партнерка таква каква што е и при тоа се свесни за нејзините недостатоци, но тоа не им пречи.

Всушност 80% од испитаниците се убедени дека идеална жена не постои. Половината од нив пак сметаат дека сегашната партнерка е вистинскиот човек со кој сакаат да го поминат остатокот од својот живот.

Затоа наместо да се фокусирате на своите мани и тоа да ви претставува пречка во квалитетното уживање во врската и животот воопшто, бидете тоа што сте и фокусирајте се на своите добри страни и на убавите моменти од заедничото живеење. Ако човекот до вас навистина ве сака, тој е речиси слеп за ситните мани и недостатоци. Штом на него не му пречат, не треба да ви пречат ни на вас самите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit