На Делани Лани Браун од Пенсилванија во мај и е дијагностицирана тешка форма на леукемија, а лекарите велат дека и остануваат уште две седмици живот.
Илјадници добри луѓе во саботата и ја исполниле една од последните желби на девојчето кое умира од рак, така што се собрале под нејзиниот прозорец и запеале божиќна песна.
“Можам да ве слушнам! Ве сакам!“ – напишал администраторот на страницата посветена на Делани во нејзино име, а на прикачената фотографија може да се види и нејзината реакција.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CqcpwfWcSrw
httpv://www.youtube.com/watch?v=i6iHU2CfEhc