Имал милиони, а умрел од студ како бездомник

2 јануари, 20130
bezdomnik
Веста дека бездомникот Тимоти Хенри Греј е пронајден мртов во Вајоминг, во САД, најверојатно не би добила простор во медиумите доколку не била откриена една “мала“ работа. Шеесетгодишниот Греј, одамна изгубен роднина на Хјугет Кларк, наследничка на њујоршката железница и ќерка на основачот на Лас Вегас, но тоа не го знаел во моментот додека од студ починал под еден надвозник.
Imao-milione-a-umro-od-hladnoce-kao-beskucnik-FOTO
Истрагата покажала дека Греј бил далечен роднина на Хјугет. Истражниот судија соопштил дека Тимоти бил наследник на најмалку 19 милиони долари од вкупниот имот вреден 300 милиони долари.
img
Истражниот судија рекол дека причина за смртта најверојатно е премрзнување бидејќи во тој дел на Америка температурата со денови е под нула. Браќата и сестрите на Греј велат дека нивниот брат исчезнал по смртта на нивната мајка во 1990 година.
Греј бил посвоен правнук на поранешниот американски сенатор Вилијам Ендру Кларк, сопственик на рудник на бакар, инженер на железницата и основач на Лас Вегас. Хјугет, која починала во мај 2011 година, во својата 104-та година, била најмалада од неговите седум деца. Во 30-тите години се повлекла од високото друштво на Менхетн и живеела осаменички живот, во стан на Петтата авенија окружена со своите кукли.
Околу нејзиниот имот вреден 300 милиони долари се водела битка меѓу многубројните роднини. Два тестаменти кои ги направила биле предмет на судски парници. Во едниот се наведува дека нејзиното богатство би требало да се подели со членови од семејството, додека во другиот, потпишан шест недели по првио, вели дека никој не може да добие нешто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *