“Јас сум својот најголем непријател и сега го знам тоа“, споделува актерката во ексклузивното интервју пред првата дама на американската телевизија – Опра Винфри.
Уште на 18 години таа се судрува за прв пат со овердоза. Прима голема количина кокаин после што завршува во болница. Следат поредица скандали, поврзани со наркотици, сообраќајки во пијана состојба и судски процеси. Главната хероина – повторно таа.
Еве го и дијалогот кој беше кулминација во интервјуто со Опра:
Опра: Зависна ли си?
Линдзи: Да!
Опра: Од што?
Линдзи: Алкохол. Така почнав, а потоа експериментирав со кокаин и алкохол. Искрено кажано не ми се допаѓаше но го правев тоа за да можам да пијам повеќе. Така се случува на забавите, сите го прават, затоа и јас го правев. Сакам да дополнам дека никогаш не сум користела наркотици венозно. Само шмркав.
“Во моментов користам само витамини“ , дополнува Линдзи објаснувајќи дека овој пат навистина решила да остане чиста, за разлика од претходните 5 обиди за лечење.