
Помали се од египетските, но заслужуваат големо внимание бидејќи ги има многу на број. Станува збор за 35 пирамиди стари 2000 години, кои во Судан беа откриени од страна на тим француски археолози.
Некрополата вклучува околу 1000 гробници и зафаќа површина од 40 хектари, а интересно е тоа што некои пирамиди не се повисоки од еден метар.
Изградени се од цигли, а до сега е откопана само една четвртина. На некои места се толку густо поставени, што помеѓу нив не може да се помине. Археолошките ископувања траеле 3 години. Местото се наоѓа на 200 км од египетската граница.
Северниот дел од денешен Судан бил под властта на Египет околу 500 години, до 1000пне.