Полицајците од американското гратче Логанвил биле сведоци на настан кој веројатно доживотно ќе го паметат и прераскажуваат.
Иако е добро познато дека луѓето во пијана состојба носат бизарни и нелогични одлуки, младиот пар од Џорџија оваа теза ја поместува на сосема повисоко ниво и друга димензија.
Некаде после полноќ полиција е повикана од една локална слаткарница. Кога патролата пристигнала на паргингот ги затекнала 25 годишната Рахел Госет и две години постариот Франк Лукас во незгодна ситуација. Таа му седела во скут.
Кога полицијата сватила дека станува збор за сексуален чин, им наредиле да престанат и да се облечат. Но таа била толку пијана што се обидувала на боса нога да облече чизбургер наместо сандали.