Водечка британска компанија за мапирање на лицето објавува нови резултати од истражувањето посветено на темата: Колку е важен физичкиот изглед за деловен успех?
Резултатите од оваа студија не се ни малку охрабрувачки за луѓето кои имаат светла коса.
Авторите на оваа студија се обиделе да ги поврзат цртите на лицето со успехот во кариерата. Така се стигнало до резултати дека луѓето со права и темна коса имаат поголеми шанси за успех.
Како изгледа вистинскиот лидер?
Резултатите покажале дека пресуден податок е линијата односно формата на вилицата кога станува збор за лидерски способности.
Се покажало дека вистинските лидери најчесто ги поврзуваме со изразено нагласена форма на вилицата.
Спротивно од нив, луѓето кои имаат тесна вилица ги доживуваме како послаби и не така впечатливи.