Израел се обраќа кон Асад: Ако не нападнеш, готов си!

16 мај, 20130
2

Позицијата на еврејската држава според веста објавена во Њујорк Тајмс е дека државата подготвува нови напади врз Сирија со цел да се спречи трансферот на современо оружје кон либанскиот Хезболах. Трансферот на таквото оружје ќе го дестабилизира и ќе го доведе во опасност целиот регион.

Ако сирискиот претседател Башар ал Асад реагира со напад врз Израел ризикува пад на неговиот режим изјави денес висок претставник за Њујорк Тајмс.

Ако Асад реагира со напад или се обиде да удри врз Израел преку терористичките сојузници, тогаш ризикува неговиот режим да падне бидејќи израилците ќе се осветат, вели анонимниот израелски претставник за весникот. Тој исто така истакнува дека Израел до сега се воздржува од мешање во сириската граѓанска војна и дека ќе се придржува кон истата политика се додека Асад избегнува да ја нападне оваа соседна земја директно или индиректно.

Минатата недела лидерот на Хезболах, Хасан Насралах се закани дека Сирија ќе ја снабдува неговата организација со оружје што ќе допринесе за промена на рамнотежата меѓу силите на регионот и нагласил дека Хезболах ќе ги подржи сите оние групи кои планираат да извршат напад врз Израел.

Foto: Tanjug/AP

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma