Потребни состојки:
Кора:
- 250гр шеќер
- 250гр лешници
- 8 јајца
- 3 лажици брашнo
Фил:
- 200гр шеќер
- 200гр путер
- 10 жолчки
- конзерва компот од кајсии
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот, па со мешање додадете брашно и лешници. Кората печете ја 40 минути на 180 степени. За фил сварете жолчки со шеќер на пареа. Кога ќе се олади, одвојте дел за обложување на тортата, а во останатиот додадете изматен путер и исецкана кајсија од конзерва. Кога кората ќе се олади, пресечете ја на четири дела и филувајте.