Кајсија торта

17 јануари, 20130
torta

Потребни состојки:

Кора:

  • 250гр шеќер
  • 250гр лешници
  • 8 јајца
  • 3 лажици брашнo

Фил:

  • 200гр шеќер
  • 200гр путер
  • 10 жолчки
  • конзерва компот од кајсии

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот, па со мешање додадете брашно и лешници. Кората печете ја 40 минути на 180 степени. За фил сварете жолчки со шеќер на пареа. Кога ќе се олади, одвојте дел за обложување на тортата, а во останатиот додадете изматен путер и исецкана кајсија од конзерва. Кога кората ќе се олади, пресечете ја на четири дела и филувајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *