
Гламурозната кукла ретко кој би можел да ја замисли без испеглана и средена коса, перфектна шминка и снежно бела насмевка. Ние ќе ви го овозможиме тоа…
Уметникот Еди Агвајер бил заинтересиран да дознае како култната Барби ќе изгледа како тукушто разбудена тинејџерка со фиксна протеза, без шминка, со мрсно лице, бубулици и подочници.
Резултатот кој го објавил на својот фото блог во најмала рака ќе ве фасцинира. Барби има многу мани, исто како и секоја друга нормална жена!