
Новата ласерска операција може да го оствари сонот на многумина. Сега вашите кафеави очи можат да бидат засекогаш плави.
Процедурата е мошне едноставна. Ласерот се подесува на одредена фреквенција со ште се видоизменуваат клетките кои произведуваат кафеава боја. После неколку недели темната боја почнува да избледува и почнува да се појавува синиот пигмент кој се крие под темниот. Процедурата трае само 20 секунди.
На оваа технологија се работи веќе 10 години, а за пациентите ќе биде достапна за 3 години. Цената ќе биде околу 5000 долари по око, но бидејќи кафеавата боја не се регенерира, оние кои ќе одлучат да ја сменат бојата, ќе имаат сини очи засекогаш.
