Како настанале Хаваите?

7 ноември, 20130
17

Хавите се острови во Тихиот океан. Хаваите, острови кои денес се дел од САД се група острови одалечени 4000 км од Калифорнија.

Според легендата, божицата на вулканите Пеле ги создала хавајските острови. Од време на време, како што се вели во легендата, божицата Пеле се враќа на островите за да разгори оган во кратерите и да предизвика нова ерупција.

Хавајските острови всушност и навистина се врвови од големи вулкани кои се подигнале од океанското дно. На пример Големиот остров од оваа група кој е два пати поголем од сите останати хавајски острови заедно настанал со таложење на материјал исфрлен од пет вулкани. Два од овие пет вулкани се сеуште активни, па процесот на создавање на островот сеуште трае.

Еден од вулканите, Мауна Лоа, иначе најмасивниот вулкан на Земјата, има ерупции на секои 2-3 години. Во 1950 година неговата ерупција траела 23 дена. Морската вода наоколу вриела, па многу животни изумреле. Вториот вулкан – Мануа Кеа е угаснат. Тој е истовремено и највисоката планина на Пацификот. Кога би се мерел од подводната основа, тој вулкан би бил највисоката планина во светот. На островот Мауи се наоѓа вулканот Халеакала висок 3075 метри. Тој е најголемиот мртов вулкан на светот. Неговиот кратер има пречник 32 км и длабочина 716 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi