Како се прави добар коктел?

7 ноември, 20130
15

За добар коктел најважно е да се има добра чаша, мраз, многу алкохолни и безалкохолни пијалоци, шејкер и малку повеќе креативност.

Називот на коктелот произлегува од купот испомешани течности кои една со друга немаат врска. Следете го својот вкус и сами изберете што најмногу ви одговара. Откако ќе го откриете Вашиот коктел, секако запишете го рецептот, а потоа барајте и други рецепти. Постојат повеќе рецепти за коктел со исто име, кои додуша се разликуваат во нијанси, во милиметри додаден или одземен алкохол или сок, но тоа сепак драстично го менува вкусот.

За квалитетен коктел важно е да се има свежо овошје. Во повеќето рецепти не се вклучени декорациите и свежо цедените овошни сокови, туку само индустриски сирупи кои го расипуваат квалитетот на коктелот и не ја даваат онаа свежа нота. Свежото овошје како лимон, грејп, портокал, па и брусница идеално го освежуваат коктелот. Не мора да застанете само на овошје. Можете да употребите и зачински билки како на пример свежо нане што е една од главните состојки на високо рангираните коктели.

Секоја креативна особа со квалитетен вкус може да биде врвен коктел мајстор и да создава нови уникатни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi