Како се пренесува сифилис?

popara11 ноември, 201317min00
16

Сифилис е сексуално пренослива болест која е предизвикана од бактеријата спирохета. Ако не се лечи може да предизвика сериозно оштетување на нервниот систем, срцето или мозокот и на крај да предизвика дури и смрт.

Како се пренесува?

Со незаштитен секс, заедничка употреба на секс играчки, или директен контакт со лице инфицирано кое по кожата има отворени ранички или осип од сифилис. Сифилис не може да се пренесе преку седнување на тоалетна школка, преку кваките од вратата, пливање во базен, во када, носење иста облека или преку прибор за јадење.

Какви се симптомите?

Прв стадиум: Појава на една или повеќе ранички околу или на вагината или пенисот, а понекогаш и на анусот. Овие ранички ќе се појават 2-3 седмици после заразување. Траат од 2-6 седмици и мошне се заразни во оваа фаза.

Втор стадиум: од 2 до 6 месеци после заразувањето може да се појави осип. Можни се симптоми слични на грип, висока температура, главоболки и болки во грлото. Појава на ткиво кое наликува на брадавица на вагината кај жената и околу анусот кај мажите и жените. Првите два стадиуми можат да поминат и без симптоми, па да не знаете дека ја носите инфекцијата.

Трет стадиум: После неколку години, обично после 6-10 почнува третиот стадиум. Во оваа фаза не постојат видливи симптоми на болеста, но бактеријата најверојатно веќе почнала да го напаѓа срцето, мозокот и другите внатрешни органи. Ако не се лечи настапува:

Четврти стадиум: Трајно оштетување на срцето, мозокот и останатите витални органи што може да е причина за смрт. Овој последен стадиум е доста редок и се јавува многу години подоцна ако заразата не се третира навремено и со соодветна терапија.

За разлика од другите заразни болести сифилисот не создава траен имунитет па можете да се заразите повторно, иако сте го прележале.

Лечење:

Се препишуваат антибиотици но важно е да ги земаат двајцата партнери за да не се повтори инфекцијата. Првите три стадиуми се лечат целосно без трајни оштетувања, а во последниот евентуално може само да се спречи понатамошно оштетување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag