Каков родител сте според хороскопскиот знак?

8 декември, 20130
8

Овен

Овенот како родител е строг но привлечен. Од детето секогаш сака упорност и добри резултати. Понекогаш престрого ги воспитува децата. Родителот во знакот на овен не смее да се нервира, да бара премногу од своите деца, бидејќи неговите животни амбиции не се амбиции на детето. Овните треба да бидат повнимателни, само на тој начин би ја добиле титулата фантастичен родител.

Бик

Родителите родени во знакот на бик секогаш стравуваат за своето дете, дали е гладно, жедно или дали нешто му недостига. Кога детето ќе порасне доколку нема матрејална сигурност, родителот бик секогаш ќе му помага, на сите можни начини. Бикот никогаш не дозволува фамилијата да живее во сиромаштија.

Близнаци

Близнаците како родители се интересни, добри и весели. Само понекогаш не се знае кој е родител, а кој е дете. Близнаците никогаш не би се откажале од своето дете. Тие секогаш имаат време да зборуваат со своите деца, без разлика дали се зафатени или не.

Рак

Ракот е еден од најосетливите знаци. Тие се секогаш загрижени, па дури и кога нема причина. Најмногу внимание посветуваат на чуствата на децата и нивните интереси. Кога детето ќе порасне и еден ден ќе се одсели од родителите, ракот родител секогаш ќе биде во близина за да помогне, но и да даде добар совет.

Лав

Родителот лав ќе биде најдобар другар на своето детеи ќе му ја дава најголемата подршка. Нивните деца секогаш ќе бидат свесни за своите квалитети и можности. Родителот лав никогаш не ги покажува своите чуства со зборови,туку со поклони и гестови.

Девица

Родителот девица е многу комплициран. Секогаш се мора да биде совршено, а неговото дете никогаш да не прави грешки. Доколку не се сложува со своето дете, радителот од овој знак, демонстративно се врти и си оди. Во случај да сте девица, немојте да ги притискате своите деца кога станува збор за учење или работа. Секој има свој живот и свој свет. Слободно давајте совети, но немојте да претерувате.

Вага

Родителот вага секогаш се грижи за бон тонот на своето дете. На децата строго им забрануваат непристојно однесување. Но вагата е знак кој најмногу се грижи за иднината на своите деца. За нив, фамилијата е најважна , па затоа истото размислување ќе го бараат од свите деца.

Шкорпија

Родителот шкорпија се знае и се гледа. Од него ништо не може да се сокрие затоа што тој секогаш поставува прашања. На шкорпијата најбитно и е детето да биде обезбедено. Шкорпиите знаат да бидат напорни, но тие е не се лоши родители. Едносавно сакаат работите да ги држат под своја контрола.

Стрелец

Родителот стрелец им дава голема слобода на своите деца. Стрелецот ништо не им забранува на своите деца, секогаш им ги исполнува желбите и секогаш ги води на патувања. За родителите стрелци факултетот и спортските активности се многу важни.

Јарец

За да не испадне дека јарецот е најстрог знак и дека тоа е лошо, во овој случај е добро. Јарецот знае да се постави и да има авторитет, а тоа е најважно за правилно воспитување на едно дете. Родителот јарец не се меша во се, но секогаш знае да даде добар совет.

Водолија

Родителот водолија е најдобар пријател. За разлика од стрелците, водолијата не им попушта на своите деца. Доколку детето не ги исполнува барањата на водолијата, присутни се санкции. Доброто е во тоа што љутината кај водолијата многу брзо. Детето треба да има поставено цели и да ги реализира.

Риба

Рибите иако се прават дека ништо не гледаат, тие знаат се. Рибите не ги притискаат своите деца, секогаш ги оставаат да бидат она што навистина се. Во повеќето случаи тоа е добар начин на воспитување, но понекогаш може да има и спротивен ефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi