
Неколку кардинали кои се помеѓу кандидатите за нов папа се педофили и затоа не смее да се дозволи некој од нив да седне на тронот како поглавар на Римокатоличката црква, тврдат членовите на групата СНАП, здружување на луѓе кои доживеале тортура од страна на свештениците.
Тие објавиле листа именувана како „Дванаесетте жигосани“ каде се наведени податоци за видни црковни дејци кои сексуално злоставувале деца и прикривале такви дела, а сега еден од нив би можело да стане папа.
– Не се сите дванаесет кардинали на таа листа бидејќи се педофили. Некои од нив се вклучени во списокот поради прикривање на скандали поврзани со педофилија – изјавиле членовите на СНАП.
Од друга страна, потпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди рекол дека членовите од СНАП не одлучуваат кој ќе биде избран за папа, за тоа се прашуваат само кардиналите.