Кардашијан повторно со тело на песочен часовник

popara1 октомври, 201319min00
1

Ким Кардашијан и Каније Вест се појавија на модната ревија на Живанши, разбивајќи ги шпекулациите дека врската им е во криза.

Само неколку месеци после раѓањето на ќеркичката, Ким се врати на црвениот тепих и пред објективите на фотографите.

Ријалити ѕвездата за прв пат се дели за подолго од малата Нори за да ги посети ревиите на големите имиња во Парис.

Плавушата избрала мал број парчиња облека за своето патување кои се со мошне едноставен дизајн, боја и крој, за да може лесно да ги комбинира.

После црниот фустан во кој се појави неодамна, Ким решила да го промовира на подобар начин ослабнатото тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *