Кенеди бил зависник од метамфетамин!

22 април, 20130
7

Вашингтон – Авторите Ричард Ларсман и Вилијам Бирнс ја вознемирија американската јавност со својата книга „Д-р Филгуд“ во која тврдат дека американскиот претседател Џон Ф. Кенеди бил зависник од наркотикот метамфетамин.

Според авторите Кенеди зависноста ја развил благодарение на Макс Јакобсон, лекар роден во Германија, чија експертиза ја користеле многу славни личности тоа време меѓу кои Мерлин Монро, познатиот бизнисмен Нелсон Рокфелер и безбол играчот Мики Ментл.

Д-р Јакобсон кого тајната служба го именувала како  д-р Филгуд создал специјален медицински раствор кој ја подигнувал енергијата и делувал како аналгетик, а благодарение на својот изум станал еден од најпопуларните лекари меѓу богатите и моќни американци во тоа време.

Јакобсон имал бројни консултации со психотерапеутот Карл Јунг, а неговиот еликсир наводно се состоел од метамфетамин , овча и козја крв.

Јакобсон изјавил дека неговиот медицински раствор бил препишуван на нацистичките војници и дека и самиот Адолф Хитлер бил зависник од овој лек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi