Кениски свештеник предупредува: Британци, вие сте следни, подгответе се за масакар!

popara1 октомври, 201317min00
8

Кенискиот свештеник Абубакар Шариф Ахмед за кој има потерница поради регрутирање убици за екстремната исламистичка организација Ал Шабаб, одговорна за масакарот во трговскиот центар Вестгејт, ги предупредува британците дека тие се следната мета на сличен терористички напад.

Абубакар во интервјуто за британскиот Дејли мејл вели дека нивна главна цел е да биде тргнат од власт Камерон кој тоа го заслужува, како и лидерот на САД, Барак Обама нарекувајќи го масовен убиец.

Абубакар објаснува дека Ал Шабаб ќе ја нападне Британија неочекувано и тоа во склоп на мисијата на организацијата да го прошири шеријатскиот закон ширум светот.

“Британците ќе бидат нападнати поединечно. Тоа значи дека нема да бидат поштедени ни туристите низ улиците. Сите ќе умрете, бидејќи британците треба да умрат. Вашите лидери се виновни. Обама е масовен убиец и би го дал својот живот за да го земам неговиот. Истото се однесува и за Дејвид Камерон“, вели Абубакар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *