Кили: Свесно го прекршував законот, но тоа го правев за моето здравје…

15 ноември, 20130
8

 

Голема прашина се крена околу актерот Кирил Поп Христов и марихуаната која според неговите зборови ја одгледувал поради здравствени причини, а не за уживање или дрогирање. Тој тврди дека оној вид марихуана што тој ја одгледувал најчесто се користи како лек, па затоа и не се смета себеси како виновен за стореното дело. Кили бил во дилема: Дали да го прекрши законот или да го избере своето здравје? И тој секако се одлучил за своето здравје! Еве како актерот ја опишува оваа ситуација:

“Го молам судот да направи разлика, меѓу канабис сатива и канабис индика која ја одгледував јас со оглед на тоа дека во неа не се содржи инкириминираната супстанца која ја гони судот а која што јас ја користев за правење на лек за мојот карцином во напредна фаза. Од лековитата супстанција која се наоѓа во листовите и врхушките правев масло кое што го конзумирав и од кое што мојата здравствена состојба беше многу подобра“, изјавил Кили пред судот.

Судскиот процес е во тек. Кили и неговиот брат се обвинети за одледување и производство на марихуана во семејната куќа во Визбегово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit