
Романтичната и спектакуларна веридба на најпознатата американска старлета Ким Кардашијан сепак не требало да се појави на интернет, а за последиците што цел свет видел како Кание клечи со прстенот во раце на стадион, ќе одговара еден од основачите на Јутјуб, кој ова видео го поставил.
Чад Харли, еден од основачите на Јутјуб, кој своите акции ги прдаде на Гугл за 1,65 милиарди долари, не бил повикан на веридбата во Сан Франциско кога раперот ја запроси старлетата, ни пак лично ги познавал младите, а за да може да присуствува, потпишал договор за доверливост на информациите.
Тој веридбата ја снимил и видеото го објавил на МиксБит сајтот, кој набрзо бил ископиран од Јутјуб, а потоа го споделил на својот Твитер профил каде има милионски аудиториум и одбјавил соопштение за медиумите, со што го прекршил договорот и сега ќе мора да оди на суд.

http://www.youtube.com/watch?v=tizEN6d_tVk