Ким Кардашијан на бременоста ќе заработи 12 милиони евра!

4 јануари, 20130
kim

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан, која со својот партнер Кание Вест очекува бебе, преговара со ТВ продуцентите за снимањето на нејзините ултразвучни прегледи и болнички приеми за време на бременоста. Старлетата е затрупана со понуди на производители за бебе опрема кои сакаат идната мама да ги рекламира нивните производи. Се проценува дека Ким на својата бременост може да заработи околу 12 милиони евра.

Ким, сепак, не сака да го следи примерот на сестрата Кортни која во реалното шоу ја роди ќерката Пенелопе. Таа планира да се породи без присуство на медиумите. Но, сепак во прашање е Ким, па не е исклучено дека може да се предомисли и да го сподели своето пораѓање со милиони гледачи.

Кание Вест инсистира да се венчаат со Ким пред раѓањето на бебето, додека реалити ѕвездата сака тоа да се случи подоцна. За воопшто да дојде до брак, Ким најпрво мора и официјално да се разведе од поранешниот сопруг, НБА кошаркарот Крис Хамфрис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit