Kим Кардашијан е позната по своите облини, но сега кога е бремена, ја мачат други работи…
Најголемиот страв на 32-годишната реалити ѕвезда Ким Кардашијан е дека ќе ги изгуби своите познати облини во бременоста. Но нејзината постара сестра Кортни, која веќе роди две деца, и покажа како ќе изгледа кога ќе биде пред пораѓање.
Затоа земала голема перница и ја ставила под кошулата на Ким за на момент да почувствува како изгледа да се биде толку “голема”.
“Ќе биде ужасно…мојот газ ќе биде оргомен”, се уплашила Ким. Но, бидејќи и сега таа редовно тренира, веројатно нема да дозволи да биде непривлечна во ниту еден поглед. И ао се здебели, сигурни сме дека многу брзо ќе се врати во форма.
Сепак, изгледа дека има и добра работа во сето тоа, бидејќи Ким дознала дека мајчиното млеко може да ја излечи псоријазата со која се бори веќе некое време.