Кој е вашиот среќен број?

13 ноември, 20130
13

Поврзаноста на астролошките знаци со среќниот број се пресметува преку дванесетте астролошки куќи.

Овен

На овенот му припаѓа бројот 1. Секогаш е прв, активен е, лидер е и секогаш брза.

Бик

На бикот му припаѓа бројот 2. Тој секогаш гледа да отиде чекор напред и не застанува додека не го добие саканото.

Близнаци

На близнаците им припаѓа бројот 3. Изразена способност за комуникација и двојна природа – но не лицемерна. За нив среќен број освен 3 е и 2.

Рак

Среќниот број за ракот е 4. Тој број претставува сигурност, топол дом, семејство, вистинска љубов. Ракот е еден ретките хороскопски знаци на кој судбински му припаѓа да ја сретне вистинската љубов еден ден после низа порази.

Лав

На лавот му припаѓа бројот 5. Овој број ја претставува неговата природа, склоност кон театралност, активен живот, успех во кариерата, центар на својот мини универзум.

Девица

На девиците им припаѓа бројот 6. Девиците се максимално посветени на оние работи што ги сакаат. Девицата не смее да се откаже, бидејќи секогаш е на чекор до успехот, во моментот кога ќе реши да дигне раце.

Вага

На вагата и припаѓа бројот 7. Овој број симболизира партнерство, одлична емотивна врска, добар брак и одлично функционирање во брак. Вагата мора да го слуша своето срце, само тоа ќе ја однесе до вистинскиот партнер.

Шкорпија

На шкорпијата и припаѓа бројот 8. Тоа значи борба, страст, дигање од пепел како феникс, трансформација, сексуалност. Шкорпијата нека бега од луѓе што не знаат што е тоа вистинска љубов.

Стрелец

Среќниот број за стрелците е бројот 9. Тој број носи длабока душа, поврзаност со религија, слобода на мислите, широки хоризонти. Стрелците треба да избегнуваат површни луѓе, тие нема што да ви понудат во замена за вашите чисти емоции.

Јарец

На јарецот му одговара бројот 10. Тој број е поврзан со напредок, добар статус, успешна кариера, постигнување на височини недостижни за повеќето. Не дозволувајте ефтини луѓе да ве повлечат со себе на дното, вие сте создадени високо да летате.

Водолија

Среќниот број за водолијата е бројот 11. Ваш карактеристики што ги носи овој број се вистинско пријателство, хуманост, филантропија. Тука се крие и вашиот најголем проблем. Го отварате срцето пред луѓе кои не заслужуваат. Внимавајте, не се сите како вас.

Риби

Среќниот број за рибите е бројот 12. Овој број претставува соништа, подсвест, фантазија. Вашиот свет е специфичен, вашите емоции огромни, но вие не доволно го цените она што го давате и малку барате за возврат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit