Додека тензиите растат уочи изборот “Мис свет“, кој денес ќе биде одржан на Бали, кладилниците сметаат дека најголеми шанси за победа имаат претставничките на Бразил, Филипини и Шпанија.
Ако може да им се верува на прогнозите, следната мис свет ќе биде Санклер Франц (22), бразилска манекенка која веќе со години учествува на сите можни избори за мис.
Филипинката Меган Јанг (23) е по мислењето на азиските медиуми главен фаворит за победа, а младата водителка и актерка дефинитивно е на чекор до триумф.
Во најтесниот круг се наоѓа и симпатичната претставничка на Шпанија, Елена Ибарбија Хименез (18) чија квота за победа е исто така висока.
Покрај овие три убавици се наоѓаат и девојките од Америка, Украина, Франција и секако Индија.