Ако фрлиме поглед назад во времето и развојот на стилот на госпоѓа Бекам, машката мода во женскиот гардеробер ќе беше последното нешто со што би ја поврзале вечно елегантната и ултра женствената Пош.
Но петгодишнината од официјалното влегување на Викторија во елитата на модниот бизнис ја прослави со колекција инспирирана од андрогенизам и суров сексапил.
Линијата на Викторија Бекам е претставена вчера за време на модната недела во Њујорк, а самата ревија се одржа во јавната библиотека.
Во првиот ред до подиумот седеа двајца од најголемите пријатели и критичари на британката, имено нејзиниот сопруг Дејвид и уредничката на најпознатото модно списание во светот, Vogue, Ана Винтор.