Креативно: Пештера претворена во подземна катедрала

popara5 декември, 20131min00
pestera

Ра Полет (67) со свои раце во последните 25 години, изрезбал 14 пештери од песочни карпи и ги претворил во вистинско ремек дело.  Сите во северниот дел на Ново Мексико, под пустините.

Во нив се сместени изрезбани катердали, сали за медитација, споредни соби, а целиот простор е обезбеден со електрична енергија и телефонска линија.

novi-meksiko-pecina

Полет кој сега е уметник, некогаш бил бездомник. Тој со текот на годините учел неколку занаети. Се откажал од колеџот, а од морнарица го исфрлиле, па со години талкал низ Америка, работејќи какопоштар, домар и чувар, а како фармер останал неколку години во Тенеси, во колиба без струја и вода. За сегашниот занает се одлучил во 1985 година кога почнал да се занимава со копање, изградба на бунари и помошни објекти.

Правата пештера ја направил во 1987 година, на јавно земјиште, кое набрзо било прогласено за јавно светилиште. Долго потоа создавал по нарачка, но конечно успеал да се ослободи од клиентите и да почне да работи за себе.

pecina-novi-meksiko

На продажба е неговото дело “Дрво на човечката љубезност”, кое се наоѓа на земјиште помеѓу Санта Фе и Таос, со големина од 208 хектари. Цената на целиот имот изнесува 995.000 долари, но може да се купат и делови од имотот, од кои најефтиниот чини 49.000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *