Крофни со сирење

27 февруари, 20130
001

Однадвор крцкави, од внатре меки, крофните со сирење се одлично предјадење за големите гурмани.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 5 dl млеко

* 120 gr. путер

* 250 gr. брашно

* 8 јајца

* 125 gr. сирење

* малку сол

* 2 лажички павлака

* 1 жолчка од јајце

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги млекото, путерот, биберот и  ставете ги на рингла да се сварат состојките. Зовриеното млеко тргнете го од оган и пополека ставајте брашно и постојано мешајте. Вратете го садот на оган и варете со постојано мешање додека масата не почне да се одвојува од садот. Потоа смесата оставете ја да се олади. Откако смесата ќе се олади додадете ги јајцата, коцките сирење и павлака со постојано мешање додека смесата не се изедначи..

На плех намачкан со путер ставете топчиња од тестото на поголема раздалеченост бидејќи тестото при печење ќе нарасне. Откако топчињата тесто ќе стасаат , одозгора намачкајте ги со жолчка и ситно рендано сирење. Печете на загреана рерна на 200 степени Целзиусови, од 20 до 30 минути додека крофните не добијат златна боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi