Очигледно го палат постари: Аштон Качер се пуштал и на Мадона

27 февруари, 20130
321

Аштон Качер, бившиот на Деми Мур бил гостин на журката организирана од страна на Мадона непосредно после доделувањето на Оскарите и отворено флертувал со пејачката.

Мадона не ја поканила својата пријателка Деми на прославата, со која заедно направија забава во 2011 година после Оскарите, но затоа пак се појавил нејзиниот бивш сопруг Аштон Качер.

„Мадона сака да биде во негово друштво бидејќи ја прави да се чувствува пријатно и сака да го гледа. Забавен е и отворено флертува со неа. Мадона мисли дека тој е многу подобар актер споредено со Деми Мур“, вели извор близок на поп иконата.

Со оглед на тоа дека Мадона и Деми заедно ја организираа забавата во 2011 година, присутните биле изненадени од фактот што Деми оваа година не била повикана. Уште поголем бил шокот кога виделе како Аштон флертува со неа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi