Крвава прослава во Белград: Седум лица избодени со нож и повеќе повредени на Косово

1 јануари, 20130
noz
Седум лица биле избодени за време на прославата на Нова година во српската престолнина. Меѓу повредените се пет државјани на Србија и двајца државјани на Тунис, а тројца од нив се во тешка здравствена состојба. Повредените се здобиле со убоди од нож во нозете, стомакот и грбот.
“Српската полиција трага по напаѓачите, а екипите се на терен“, изјави шефот во командно-оперативниот центар на полициската управа за градот Белград Горан Стаменковиќ.
Според него, напаѓачот “не одел наоколу, ниту мавтал со ножот“, туку ги бодел минувачите кои му доаѓале в пресрет, а присутните на новогодишната прослава тоа не го ни забележале.
Инцидентите се случиле неколку минути пред полноќ на Плоштадот на Републиката во центарот на Белград, каде илјадници луѓе присуствувале на новогодишната прослава.
Во северниот дел на Косово повеќе лица се повредени во физички пресметки за време на новогодишната ноќ, а едно лице е уапсено поради користење огнено оружје.
Заменик регионалниот директор на косовската полиција Ергин Медиќ изјави дека во масовна тепачка која се случила рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица биле повредени осум луѓе, кои по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *