
Потребни состојки:
– 250 гр путер
– 300 гр шеќер
– 6 јајца
– кесичка ванилин шеќер
– 130 гр брашно
– 250 гр темна чоколада
– путер за подмачкување
Подготовка:
Путерот пенесто изматете го со шеќерот, а потоа додајте ги едно по едно јајцата со непрекинато мешање. Кога смесата убаво ќе се соедини ставете го ванилиниот шеќер, брашното и растопената чоколада. Убаво намрсете ги и набрашнете ги калапите за мафини и сипете ја смесата. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, 10 минути. Испечените мафини оставете ги во калапите да се изладат, а потоа извадете ги.