Лејди Гага заклучила дека нејзиното куче е талентирано, па го учи да црта на необичен начин.
Ексцентричната пејачка Лејди Гага во моментов работи на нов проект. Но не на музички, туку на приватен. Всушност, Гага заклучила дека нејзиното куче Фози е талентирано и дека треба да го научи да црта.
“Го учи својот сакан Фози дабиде уметник. Му прикачува моливи на нозете и ги става на хартија. Сите членови на екипата веќе му позираа за портрет”, потврдил член од нејзината екипа. Лејди Гага во моментов се наоѓа на турнејата ‘Born This Way Ball’.