Познатата филмска ѕвезда, Леонардо ди Каприо е во љубовна врска со косовската мисица Афердита Дрешај. Тие заедно се фотографирани на јахта во Мајами.
Од самите фотографии се гледа дека двајцата се многу блиски.
Дрешај, моментно е во врска и со пеачот Шпат Касапи, но фотографиите потврдуваат дека таа го зграпчила „херојот од Титаник“, иако и двајцата тврдат дека се само добри пријатели, јави тиранскиот весник „Шекули“.
Афердита Дрешај, 26 год. Мис универзум на Косово беше избрана во 2011 а вистинска бура, посебно во српските медиуми предизвика нејзината заедничка фотографија во Бразил со српската убавица Ања Шарановиќ, 22 год.