
Истражувањето за промената на височината и тежината на мажите во последните неколку децении обелодени нови факти за димензиите на други делови од машкото тело.
Во последните 60 години димензиите на машкото достоинство се намалиле со 10%, тврди италианецот Карло Форте.
Со споредбени анализи на медицински документи во последните 60 години научниците стигнале до заклучок дека должината на машкото достоинство се топи. Современите мажи имаат подолги раце и подолги нозе, но пократок пенис.
Научниците веруваат дека оваа тажна тенденција е производ на прекумерната дебелина.
Во поткожната маснотија постојат огромни количини токсини со халогени, а тие супстанции делуваат како хормони. Експертите утврдиле дека колку повисока е нивната концентрација во организмот на мажот, толку помали се димензиите на неговиот пенис.
