Луда албанска традиција: Жени приморани да живеат како маж!

30 август, 20131
13

“Проколнатите девици“ во Албанија се жени кои уште во раната младост се приморани од страна на семејството целиот свој живот да го поминат како мажи. Тие се глава на куќата, сите им се обраќаат во машки род и се зарекуваат цел живот да го помнат невини.

Старата традиција им наложува да носат панталони, капи и рачни часовници. Доколку се одлучи жената да влезе во машка улога потребно е адекватно да се облекува и да не се препушта никогаш на сексуални задоволства.

Едноставно кажано албанката која се облекува како маж е маж за сите.

Овие жени својата машкост ја покажуваат со говор, начин на одење, однесување и работа. Исто така остануваат во целибат цел живот, а автоматски ја превземаат и улогата на глава на семејството. Должни се да ги чуваат и бранат своите ближни доколку дојде до крвна освета или други напади на семејството.

Родителите можат да инсистираат нивната ќерка да стане маж доколку немаат машки наследници, а таа тоа мора да го прифати без приговор. Исто така има случаи кога тие мораат да го наследат  семејното богатство, а тоа не можат да го направат се додека не станат мажи.

Ситуацијата денес драстично е подобрена, па така и девојките повеќе не сакаат и не прифаќаат целиот свој живот да го поминат заробени во тело на маж, но сепак во некои зафрлени делови на Албанија оваа традиција сеуште живее.

Вака изгледаат овие несреќни жени:

Foto: Jill Peters

Foto: Jill Peters

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi