Мајк Тајсон му го враќа увото на Холифилд! (видео)
21 ноември, 20130
Во рекламата за спортска опрема се сретнале очи во очи Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд, чија борба во 1997 година ја обележа Тајсон со угриз и кинење на увото на Холифилд.
За потребите на рекламата, двајцата боксерски шампиони се сретнале и во таа прилика Тајсон му го враќа увото на Холифилд. Во спотот “Железниот Мајк“ се појавува пред вратата во домот на холифилд и му дава пакетче во кое се наоѓа парче од увото што му го одгризал.
Во таа прилика се извинува и објаснува дека цели 16 години го чувал увото во формалдехид. Се завршува со пријателска прегратка помеѓу двете легенди.
httpv://www.youtube.com/watch?v=fcXYEIhy-rc
httpv://www.youtube.com/watch?v=VqSnozW9IJM