Мајката на Ејми Вајнхаус: Никогаш не верував дека Ејми ќе ја доживее 30-та!

5 јули, 20130
5

Ова е летото кога Ејми Вајнхаус ќе го прославеше својот 30-ти роденден. Но наместо тоа нејзиното семејство се подготвува да ја одбележи втората годишнина од нејзината трагична смрт.

Во интервјуто за Сан нејзината мајка Џенис (58) изјавила: “Никогаш не верував дека мојата Ејми ќе ја доживее четвртата деценија од животот. Не можам да ја замислам Ејми како возрасна особа. Таа беше млада девојка што сакаше да го запознае светот и еден момент како да се засити од се, како да виде се и рече готова сум! “

Ејми почина од превисока доза алкохол на 27 годишна возраст после долгата битка со наркотиците и алкохолот.

Ејми од својата 10-та година живеела само со својата мајка, откако нејзиниот татко Мич ги напуштил и за сите тие години животот на тие две жени бил неподнослива битка и борба за опстанок.

“Во еден момент сватив дека нема поента да останувам будна цели ноќи и постојано да ја контролирам, морав да ја прифатам вистината дека не сум силна ништо да сменам! Престанав да ја казнувам бидејќи што и да правев Ејми си тераше по свое. Таа беше премногу силна за мене!“, вели нејзината мајка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi