Мајли Сајрус е најлошиот пример за децата според родителите!

9 јули, 20130
2

Мајли Сајрус може да ужива во љубовта на тинејџерите, но не и на нивните родители. 20 годишната пејачка се најде на челно место на класацијата која ја прави најлошиот пример за младото поколение.

Во анкетата гласале 2500 родители, според кои блондинката не треба да биде идол на нивните деца бидејќи нема талент и шокира со своето однесување и провокативниот стил што недоликува на нејзините години.

Веднаш после неа во класацијата се најде Линдзи Лохан која е уште поскандалозна. Со своите постојани дела за кражби, собраќајки, алкохол и дрога дамата дефинитивно не им се допаѓа на мајките и татковците и тоа не само во САД.

Ким Кардашијан е на трета позиција, а веднаш после неа е Аманда Бајнс. Петката се затвара со тинејџерката-мајка Фара Абрахам.

На шеста позиција се најде Ријана, поради разголените фотографии, но во суштина не е вмешана во големи скандали.

Во првата десетка влегуваат уште Киша, Хејди Монтаг и Тејлор Моманс.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi